Дуелот меѓу Рудар – Вулкан во Куратица е најпривлечниот и најзначајниот натпревар од 13-та рунда во Општинска фудбалска лига.


Мечот против Рудар можеби е последна шанса за тимот на Вулкан да се приклучи во „големата четворка“ која ќе игра завршен турнир на крајот од првенството.

Вулкан во пресрет на дербито заостанува четири бодови од Рудар кој се наоѓа на четвртата позиција на табелата.

Екипата на Воска на домашен терен ќе го пречека составот на Славеј, додека Дебрца гостува во Лешани кај истоимената екипа.

Двојки: Воска – Славеј, Лешани – Дебрца, Св. Петар – Вапила, Рудар – Вулкан, Лакочереј слободен

Табела: Лакочереј 34, Воска 26, Дебрца 26, Рудар 23, Вулкан 19, Вапила 19, Славеј 11, Лешани 7, Св. Петар 6, Злести 4.

OhridNews