ФК Рудар од Куратица, ќе ги продолжи натпреварите во Општинската фудбалска лига до крајот на сезоната – вака одлучи управата на ФК Рудар и Месната Заедница на зедничкиот состанок одржан во саботата.

Покрај оваа одлука од клубот бараат состанок со раководството на Општинската фудбалска лига, на која ќе стане збор за начинот на понтамошното оргазнизирање и натпреварување , како и начинот на кој ќе биде решен финансискиот проблем во кој се затекнати клубовите.

И покрај тешката финансиска ситуација Рудар ќе продолжи да се натпреварува во ОФЛ, сепак зачудува  односот на раководните лица кои на последниот натпревар кој го одигра Рудар на домашен терен против Вулкан  не сакале да ги подмират трошоците за службените лица на натпреварот.

Ohridnews