Претпоследната рунда во Општинска фудбалска лига ќе донесе неколку интересни пресметки. Екипата на Рудар на домашен терен ќе го пречека лидерот на табелата Лакочереј, додека Вапила гостува кај составот на Дебрца.


На тимот на Вапила му треба победа, бидејќи само така ќе остане во игра за четвртата позиција на табелата која води во бараж натпреварите кои го одлучуваат патникот во Третата лига.

Токму мечот меѓу Дебрца и Вапила кој е со почеток во 15 часот ќе означи почеток на 9-та рунда, додека сите останати натпревари се играат во 17 часот.

Двојки: Дебрца – Вапила (15ч), Воска – Лешани (17ч), Славеј – Св. Петар, Лакочереј – Рудар.

Табела: Лакочереј 38, Дебрца 33, Воска 32, Рудар 27, Вапила 24, Вулкан 19, Славеј 15, Лешани 8, Св. Петар 7, Злести 4.

OhridNews