Лидерот на табелата, Охрид со гол во последните минути од мечот го совлада Рудар 4-3 и ги зграпчи трите бодови во дуелот кој се одигра од 14-та рунда во Општинската фудбалска лига.

Човек на одлука беше Илија Кироски кој со вториот гол на мечот донесе значајни три бодови за охридските бели во трката за првата позиција.

На преостанатите четири мечеви од 14-та рунда на три се радуваа гостите дека честа на домаќините ја одбрани тимот на Лакочереј кој ремизираше со Вулкан 1-1.

Резултати: Воска – Дебрца 1-2, Рудар – Охрид 3-4, Лакочереј – Вулкан 1-1, Св. Петар – Вапила 0-3, Злести – Сатеска 0-4.

Табела: Охрид 37 бодoви, Сатеска 34, Дебрца 33, Лакочереј 27, Воска 15, Св. Петар 12, Вулкан 12, Вапила 12, Злести 6, Рудар 4. 

OhridNews