Без победник (4-4) заврши дерби средбата во Лешани меѓу истоимената екипа и Св. Петар во втората рунда од втората полусезона во Општинската фудбалска лига.


Лидерот на табелата Лакочереј и Воска на гостински терен забележаа идентични победи (2-1) совладувајќи ги Вулкан односно Вапила.

Сигурни пред своите гледачи беа фудбалерите на Дебрца кои славеа со 5-2 над Славеј, а Рудар против Злести ја забележа највисоката победа (6-0) во колото.

Резултати: Вапила – Воска 1-2, Вулкан – Лакочереј 1-2, Злести – Рудар 0-6, Лешани – Св. Петар 4-4, Дебрца – Славеј 5-2.

Табела: Лакочереј 30, Дебрца 27, Воска 25, Рудар 22, Вулкан 18, Вапила 16, Славеј 10, Лешани 7, Злести 3, Св. Петар 3.

OhridNews