Без победник (2-2) заврши дербито во Белчишта меѓу второпласираната Дебрца и лидерот на табелата во Општинска фудбалска лига, Лакочереј.


Бодовите ги поделија Вулкан – Св. Петар кои одиграа 3-3 и Славеј – Рудар ремизирајќи 2-2. Домашниот терен единствено го искористи тимот на Вапила кој со 3-0 го совлада Лешани.

Вулкан – Св. Петар 3-3, Дебрца – Лакочереј 2-2, Вапила – Лешани 3-0, Славеј – Рудар 2-2, Воска слободна

Табела: Лакочереј 34, Дебрца 26, Воска 26, Рудар 23, Вулкан 19, Вапила 19, Славеј 11, Лешани 7, Св. Петар 6, Злести 4.

OhridNews