Без победник 4-4 заврши дербито меѓу Охрид и Сатеска на „Атина Бојаџи“ во осмата рунда од Општинската фудбалска лига.
Гостинската екипа беше многу блиску до целиот плен, но со погодокот на капитенот Љупчо Далчев во 90-та минута домаќините се спасија од пораз.
Сатеска со двата голови на Секулоски и едниот на Скепароски со шокатни 3-0 го добија првиот дел.
На стартот од второто полувреме Огненоски намали на 3-1, но Скепароски уште една зголеми на плус три (4-1).
Двата брзи погодоци на Никодиноски го вратија лидерот во Оопштинската лига, Охрид во игра за поволен резултат во дербито.
Далчев со првиот гол на натпреварот во судиското продолжение донесе бод за домаќините со кој се доближија до епитот есенски шампион. Домашниот тим мечот го заврши со десет фудбалери, а гостинскиот со девет фудбалери.
Со ремито Сатеска ја запре победничката серија на Охрид која траеше од стартот на сезоната.
Ohridnews