Без победник (2-2) заврши дерби пресметката на „Грашница“ меѓу Воска и Дебрца во 12-та рунда од Општинска фудбалска лига.
Составот на Воска.
Фудбалерите на Воска поблиску беа до победата имајќи водство 2-0, но гостите од Белчишта со два голови обезбедија бод и не дозволија рокада на табелата.
Лидерот на табелата, Лакочереј забележа нова победа совладувајќи го тимот на Вапила со 2-0, додека предноста на домашниот терен ја искористи и Рудар кој го совлада составот на Св. Петар со 5-2.
Резултати: Воска – Дебрца 2-2, Лакочереј – Вапила 2-0, Славеј – Злести, Рудар – Св. Петар 5-2, Лешани – Вулкан одложена.
Табела: Лакочереј 33, Дебрца 28, Воска 26, Рудар 25, Вулкан 18, Вапила 16, Славеј 10, Лешани 7, Злести 3, Св. Петар 3.
OhridNews