Екипата на Воска Спорт е нов лидер на табелата во Општинската фудбалска лига. Воска Спорт од водечкото место го симна поголемиот брат Воска 2002.
Во шестата рунда, Воска Спорт со 6-0 пред своите гледачи го совлада тимот на Злести, а Воска 2002 со 3-2 славеше против Вапила. На Воска Спорт на контото и се допишаа три службени бодови од неодиграната средба со Св. Петар и изби на врвот.
Третопласирана екипа е Лакочереј која со 4-2 беше подобар од Велмеј, а потоа следува Рудар со 10 бодови кој не го одигра мечот од шестата рунда.
Најдобрите четири екипи на табелата обезбедуваат пласман на завршен турнир а победникот од него се пласира во Третата лига.
Двојки:
Воска Спорт – Злести 6-0
Воска 2002 – Вапила 3-2
Лакочереј – Велмеј 4-2
Табела: Воска Спорт 16, Воска 2002 15, Лакочереј 12, Рудар 10…
OhridNews