Последниот четвртфинален натпревар од Општинскиот Фудбалски куп, одигран на Грашница помеѓу Воска и Лескоец не го дочека својот крај.

Во 22 минута од мечот при резултат 1-0 за домашните, по една расправија на фудбалерот на гостите со публиката, неодговорните гледачи влегоа во теренот и се обидоа физички да се пресметаат.

Брзата интервенција на припадниците на МВР присутни на натпреварот како и реакцијата на домашните фудбалери спречија поголем инцидент.

ohridnews