Познати се четирите екипи кои оваа сезона ќе разигруваат во баражот во Општинската фудбалска лига. Неизвесни се местата на кои екипите ќе ја завршат сезоната, по што ќе се формираат двојките.
Екипата на Славеј со триумфот над Рудар 5-3 го завери првото место, а неисвеноста е за втората и третата позиција. Лакочереј сезоната ја заврши со победа над Св. Петар, додека Дебрца ремизираше со Вулкан 1-1.
После комплетирањето на регуларниот дел од сезоната ќе се одиграат бараж натпреварите. Второпласираниот и третопласираниот ќе се сретнат на 2 јуни, а првопласираниот и третопласираниот на 3 јуни. Победниците силите во финалето од баражот ќе ги одмерат на 10 јуни, а финалето во општинскиот Куп ќе се одржи на 6 јуни.
Резултати: Славеј – Рудар 5-3, Дебрца – Вулкан 1-1, Св. Петар – Лакочереј 2-3
Табела: Славеј 27, Лакочереј 21, Дебрца 20, Вулкан 20, Св. Петар 6, Рудар 4.
OhridNews