Екипите на Охрид и Лакочереј обезбедија пласман во 1/4 финалето од Општинскиот фудбалски куп совладувајќи ги Св. Петар (4-2) односно Вапила (7-1).


Двете екипи мораа да играат предквалификации за влез во 1/4 финалето каде веќе се познати двојките и патот до финалето.

Четвртфиналните мечеви се закажани за 20 април, а победникот од Општинскиот Куп обезбедува пласман во Купот на Македонија следната сезона.

Мечевите од Купот го најавија почетокот на Општинска фудбалска лига која стартува викендов што доаѓа.

Резултати:  Св. Петар – Охрид 2-4, Вапила – Лакочереј 1-7

Двојки 1/4 финале:

Лакочереј – Злести

Дебрца – Вулкан

Рудар – Сатеска

Охрид – Воска

OhridNews