Есенскиот шампион во Општинската фудбалска лига, Охрид со триумф над Воска 6-1 во градската пресметка ја започна втората полусезона.
Дербито не започна баш најдобро за „белите“ кои имаа негатива (1-0) по голот на Ѓоко Булоски. „Гостите“ многу брзо ги вратија на место работите откако Мите Ампов изедначи на 1-1.
Во вториот дел избраниците на Митко Стојаноски „експлодирија“ погодувајќи ја пет пати мрежата на Воска за победа на стартот од пролетната полусезона.
Предност (2-1) за Охрид однесе Даниел Огненоски, Илија Кироски зголеми на 3-1, а Шенол Меди погоди за 4-1. Со вториот погодок Кироски ја комплетираше „петардата“, а точка на победата стави капитенот Љупчо Далчев.
Резултати: Воска – Охрид 1-6, Злести – Лакочереј 2-2, Дебрца – Вулкан 6-1, Сатеска – Вапила 3-1, Рудар – Св. Петар одложена.
Табела : Охрид 25 бодoви, Сатеска 24, Дебрца 23, Лакочереј 20, Воска 11, Св. Петар 8, Рудар 7, Вапила 6, Вулкан 5, Злести 5.
Мх.П.