Екипата на Охрид со минимална победа (1-0) над градскиот ривал Воска ја започна новата сезона во Општинската фудбалска лига.


Стрелец на победничкиот погодок за домаќините беше Јован Китрозоски во воведниот дел од натпреварот.


Дербито на „Атина Бојаџи“ помина во фер и коректна атмосфера, а на трибини имаше повеќе од 300 гледачи што дава надеж за заживување на фудбалот во Охрид.


Во втората рунда Охрид гостува кај Злести додека Воска пред своите гледачи го пречекува тимот на Вулкан.

Мх.П.