Победата во дербито со Лакочереј 2-1 и ремито на Сатеска на „Грашница“ со Воска 2-2 му го отвори патот на Охрид кон врвот на табелата.
По четири одиграни натпревари фудбалерите на Охрид се единствени со стопроцентен учинок и со што го потврдија атакот на шампионската титула која води директно во плејофот.
Сезоната само што започна и охридските фудбалери мораат брзо да се фокусираат на следните предизвици кои ги очекуваат во Општинска лига.
Резултати : Лакочереј – Охрид 1-2, Рудар – Дебрца 0-5, Св. Петар – Вулкан 4-2, Злести – Вапила 2-2, Воска – Сатеска 2-2.
Табела : Охрид 12 бодови, Сатеска 10, Лакочереј 9, Дебрца 7, Вулкан 4, Воска 4, Вапила 4, Св. Петар 3, Злести 1, Рудар 0.
Двојки (5.коло) : Охрид – Рудар, Вулкан – Лакочереј, Вапила – Св. Петар, Сатеска – Злести, Дебрца – Воска.
Мх.П.