Охридските бели во 17-та рунда од Општинска фудбалска лига имаат шампионски испит во Волино каде ќе се сретнат со тимот на Сатеска.


Охрид има четири бодови предност од Дебрца која исто така има дерби задача против Лакочереј и пет од тимот на Сатеска кој нема избор во мечот со „белите“.

Со победа избраниците на Митко Стојаноски го осигуруваат првото место, а со бод и реми или пораз на Дебрца со Лакочереј го промовира Охрид во нов шампион.

Во ОФЛ не очекуваат две возбудливи рунди по кои ќе се дознаат и патниците во баражот кој традиционално се игра на „Атина Бојаџи“.

Двојки: Сатеска – Охрид, Воска – Св. Петар, Дебрца – Лакочереј, Злести – Рудар, Вапила – Вулкан.

Табела: Охрид 43 бодoви, Дебрца 39, Сатеска 38, Лакочереј 31, Воска 18, Вулкан 15, Св. Петар 12, Вапила 12, Злести 9, Рудар 4.

OhridNews