Фудбалерите на Охрид се наоѓаат на бод од шампионското место во Општинската лига откако во претпоследната рунда ремизираа 2-2 со Сатеска во дербито.


Охридските бели во последното коло од сезоната на домашен терен ќе ги одмерат силите со директниот конкурент за првото место тимот на Дебрца.

Второпласираниот тим на табелата Дебрца во 17-та рунда за „мајсторка“ со Охрид обезбеди со убедливиот триумф над Лакочереј 7-0 на домашно тло.

Резултати: Сатеска – Охрид 2-2, Воска – Св. Петар 3-0, Дебрца – Лакочереј 7-0, Злести – Рудар 2-4, Вапила – Вулкан 1-0.

Табела: Охрид 44 бодoви, Дебрца 42, Сатеска 39, Лакочереј 31, Воска 21, Вулкан 15, Вапила 15 Св. Петар 12, Злести 9, Рудар 7.

OhridNews