Екипата на Охрид со две победи во два натпревари ја започна новата сезона во Општинска фудбалска лига и сериозно се наметна за првата позиција на табелата.


Во третата рунда избраниците на тренерот Митко Стојаноски на својот стадион во сабота (16ч) ќе го пречекаат тимот на Св. Петар кој се уште е без бодови во новата сезона.

Во дербито на колото ќе се сретнат екипите кои до сега немаат претрпено пораз во ОФЛ, Сатеска – Дебрца.

Двојки : Сатеска – Дебрца, Охрид – Св. Петар (сабота 16ч), Вулкан – Злести, Вапила – Воска, Лакочереј – Рудар (недела 16ч).

Табела : Сатеска 6 бодови, Охрид 6, Лакочереј 6, Дебрца 4, Воска 3, Вулкан 1, Злести 0, Вапила 0, Св. Петар 0.

Ohridnews