Новото 13-то коло во Општинската фудбалска лига ќе понуди и ново дерби кое ќе се одигра меѓу Охрид и Лакочереј.
Лидерот на табелата со три победи во исто толку мечеви го почна пролетниот шампионат, а и четвртопласираниот Лакочереј има позитивен скор.
Првиот меч во есенската полусезона после многу борба заврши во корист на Охрид со 2-1, а ист таков натпревар се очекува и в недела во 12 часот на теренот со вештачка трева „Билјанини Извори“.
Двојки: Вапила – Злести (сабота 16ч), Охрид – Лакочереј (недела 12ч), Сатеска – Воска (недела 16ч), Дебрца – Рудар, Вулкан – Св. Петар.
Табела: Охрид 31 бодoви, Сатеска 28, Дебрца 27, Лакочереј 26, Воска 15, Св. Петар 11, Вулкан 10, Вапила 6, Злести 6, Рудар 4.
OhridNews