Фудбалерите на Охрид прокнижија нови три бодови на табелата откако на домашен терен со 5-1 го совлада Рудар во петтата рунда од Општинска фудбалска лига.
Лошите временски услови на „Атина Бојаџи“ не ги поколеба избраниците на Митко Стојаноски кои со лесен и убедлив триумф го задржаа стопроцетниот ефект.
Со двата погодоци во првиот дел петтата победа во серија за „рибарите“ ја најави капитенот Љупчо Далчев.
Во второто полувреме со головите на Александар Струмоски, Даниел Огненоски и Ване Никодиноски охридските сини го запечатија триумфот кои им носи предност од пет бодови на табелата.
Следен противник на Охрид во Општинската лига ќе биде тимот на Вулкан Спорт во шестата рунда од шампионатот.
ОФЛ : Охридските сини не знаат за доста (видео)
Мх.П.