Екипата на Лешани е новиот првак во општинската фудбалска лига. Во финалнниот натпревар од разигрувањето за титулата, Лешани со чисти 3-0 ја победи екипата на Дебрца. Кузески во првиот, Танаскоски и Јосифоски во вториот дел беа стрелци во победата. По освоеното прво место за влез во третата Мфл Југозападен регион, лешанци ќе играат бараж натпревар со еден од победниците во општинските лиги кои се дел од регионот.
Лешани е новиот првак