Екипата на Лакочереј се закити со титулата есенски шампион во Општинска фудбалска лига завршувајќи на првата позиција.


Лакочереј со триумф над Лешани (5-0) ја осигура првата позиција пред Воска и Дебрца кои имаат 15 бодови, а во последното коло ги совладаа Рудар (6-1) односно Св. Петар (3-0).

Од понатамошните натпревари се откажаа Славеј и Злести и ОФЛ следната полусезона ќе брои осум екипи.

Резултати: Дебрца – Рудар 6-1, Воска – Св. Петар 3-0, Лакочереј – Лешани 5-0.

Табела: Лакочереј 18, Воска 15, Дебрца 15, Вулкан 12, Рудар 10, Вапила 10, Св. Петар 3, Лешани 0.

OhridNews