Тимот на Лакочереј обезбеди учество во финалето од баражот во Општинската фудбалска лига победувајќи го составот на Рудар со 2-1 во полуфиналето.

Лакочереј кој заврши на првата позиција во регуларниот дел од Општинската лига против Рудар ја потврди фаворитската улога и не дозволи изненадување.

„Зелените“ во финалето ќе се сретнат со подобрата екипа од втората полуфинална двојка, која ја сочинуваат Дебрца – Воска.

OhridNews