Екипата на Лакочереј не дозволи загрозување на водечката позиција на табелата совладувајќи го тимот на Воска со 2-1 во дербито на колото.


Со овој триумф фудбалерите на Лакочереј во голема мера го осигураа првото место во Општинската лига и му се реваншираа на Воска за поразот од есенскиот дел.

Поразот на Воска го искористи тимот на Дебрца кој со победата (5-1) над Вулкан ја зазеде првата позиција на табелата. Победа на гостински терен забележа и Славеј над Лешани (7-1), а бодовите ги поделија Рудар – Вапила ремизирајќи 1-1.

Резултати: Вулкан – Дебрца 1-5, Рудар – Вапила 1-1, Лакочереј – Воска 2-1, Лешани – Славеј 1-7.

Табела: Лакочереј 38, Дебрца 33, Воска 32, Рудар 27, Вапила 24, Вулкан 19, Славеј 15, Лешани 8, Св. Петар 7, Злести 4.

OhridNews