Лидерот на табелата во Општинската фудбалска лига, Лакочереј прокнижи нови три бодови совладувајќи го составот на Славеј со 3-0 во шестата рунда од првенството.
Водечката екипа во ОФЛ го задржа стопроцетниот скор по шест одиграни натпревари и го чува врвот на табелата.
Меч со најмногу вкупно десет погодоци одиграа Лешани и Злести, а на триумф се радуваа домаќините (8-2).
Резултати: Рудар – Воска 3-2, Вулкан – Вапила 4-1, Лешани – Злести 8-2, Св. Петар – Дебрца 2-3, Лакочереј – Славеј 3-0.
Табела: Лакочереј 18, Дебрца 15, Рудар 15, Вулкан 12, Воска 9, Вапила 9, Лешани 3, Св. Петар 3, Злести 3, Славеј 0.
OhridNews