Лидерот на табелата во Општинската фудбалска лига, Славеј, го претрпе првиот пораз сезонава, положувајќи го оружјето на гостувањето кај Лакочереј. Домашниот состав славеше со убедливи 5-1.
Нови победи во новата рунда забележаа Вулкан и Слатино, кои со идентични 4-1 ги совладаа Дебрца односно Злести. Вапила и Св. Петар освоија бод, ремизирајќи 2-2.
Средбата Рудар – Воска беше одложена.
- Резултати:
Рудар – Воска одложена
Вапила – Св. Петар 2-2
Слатино – Злести 4-1
Лакочереј – Славеј 5-1
Вулкан – Дебрца 4-1
Табела: Славеј 15 бодови, Св Петар 13, Вулкан 13, Слатино 9, Лакочереј 8, Дебрца 7, Злести 6, Воска 3, Велмеј 3, Вапила 1, Рудар 0.
OhridNews