Екипата на Славеј од Мешеишта е нов предводник на табелата во Општинската фудбалска лига, после одигрување на четвртата рунда од шампионатот.
Славеј на врвот осамна после гостинската победа во Вапила 5-2 и ремито на Вулкан во Лакочереј против истоимената екипа 2-2.
На останатите мечеви Св. Петар славеше со 4-1, а Слатино на победите им се врати со убедливиот триумф над Дебрца 5-1.
- Резултати:
Велмеј – Св. Петар 1-4
Рудар – Злести 2-3
Вапила – Славеј 2-5
Слатино – Дебрца 5-1
Лакочереј – Вулкан 2-2
Табела: Славеј 12, Вулкан 10, Св. Петар 9, Слатино 6, Дебрца 6, Лакочереј 4, Воска 3, Злести 3, Велмеј 3, Рудар 0, Вапила 0
OhridNews