Во финалето на Општинскиот фудбалски куп ќе играат екипите на Охрид и Лескоец.

Во полуфиналните пресметки Охрид како гостин го совлада Рудар во Куратица со 1-5.

Во Вапила, Лекосец го елиминираше домаќинот Борец по изведувањето на пеналите.
Во регуларниот дел натпреварот заврши 0-0. Посреќни во пенал рулетот беа гостите кои славеа со 5-4.

М.П.