Во финалниот натпревар од Општинскиот фудбалски куп утре во 17 часот на СРЦ Билјанини Извори ќе играат екипите на Охрид и Лескоец.

Победникот наредната сезона ќе земе учество во првата рунда од националното куп натпреварувње кое минатиот викенд го освои Работнички.

Од ОФС – Охрид кој е организатор на ова натпреварување најавуваат интересна програма зачинета со бројни награди за публиката.

М.П.