Лидерот во Општинската фудбалска лига, Охрид ја зголеми бодовната разлика на табелата по комплетирањето на седмата рунда.
Охрид забележа нов триумф победувајќи со 3-1 против Вапила, а Сатеска се искачи на втората позиција откако со 7-1 го совлада Лакочереј.
Дебрца дојде до третата позиција на табелата по триумфот 5-1 на домашен терен над Св. Петар.
Резултати : Дебрца – Св. Петар 5-1, Вапила – Охрид 1-3, Воска – Злести 3-0, Сатеска – Лакочареј 7-1, Вулкан – Рудар одложена.
Табела : Охрид 21 бод, Сатеска 17, Дебрца 16, Лакочереј 15, Воска 10, Св. Петар 7, Вулкан 4 (-1), Вапила 4, Злести 1, Рудар 0 (-1).
Двојки (8.коло) : Охрид – Сатеска, Св. Петар – Воска, Лакочереј – Дебрца, Рудар – Злести, Вулкан – Вапила.
Мх.П.