Еден од двата конкуренти на Охрид за првата позиција во Општинската фудбалска лига, Сатеска освои само бод на гостувањето кај тимот на Св. Петар играјќи 5-5.
Ниту предноста од 5-1 не им беше доволна на фудбалерите од Сатеска да ги освојат трите бодови и да ја продолжат трката со Охрид.
Останатиот конкурент на избраниците на Митко Стојаноски, Лакочереј забележа победа над Вапила 3-2 и ја презеде втората позиција на табелата.
Резултати : Охрид – Вулкан 6-1, Злести – Дебрца 0-3, Св. Петар – Сатеска 5-5, Лакочереј – Вапила 3-2, Рудар – Воска 0-3.
Табела : Охрид 18 бодови, Лакочереј 15, Сатеска 14, Дебрца 13, Воска 7, Св. Петар 7, Вулкан 4, Вапила 4, Злести 1, Рудар 0.
Двојки 7.коло : Сатеска – Лакочереј, Вапила – Охрид, Вулкан – Рудар, Дебрца – Св. Петар, Воска – Злести.
Ohridnews