Ниту екипата на Вапила не најде начин да го сопре победничкиот налет на Охрид во Општинска фудбалска лига претрпувајќи пораз 3-1 на домашен терен.
Фудбалерите на Вапила иако загубија му пружија силен отпор на охридските играчи кои имаа негатива до 70-та минута.
Во последните 20-тина минути гостите со головите на Митко Ампов, Елвис Бајрам и капитенот Љупчо Далчев го свртија резултатот и ја осигураа седмата победа во седмиот натпревар.
„Белите“ се неприкосновени на табелата со 21 бод, четири повеќе од Сатеска која со убедливи 7-1 го декласираше Лакочереј во дербито.
Мх.П.