Четири од петте патници во 1/2 финалето во Општинскиот фудбалски куп се екипи кои играа како гости во четвртфиналето.

Единствен тим, кој славеше пред своите гледачи беше Илинден победувајќи го Рудар со 1-0, а Дебрца, Св. Петар и Павле, Воска и Сатеска на гостински терен обезбедија пласман во 1/2 финалето.

Резултати : Илинден – Рудар 1-0, Злести – Дебрца 1-2, Лакочереј – Свети Петар и Павле 0-3, Славеј – Воска 0-3, Вапила – Сатеска 2-5.

Ждребката за следната фаза од Општинскиот фудбалски куп ќе биде в четврток на 13 март.

Мх.П.