Трите водечки екипи на табелата Охрид, Сатеска и Дебрца на гостински терен ќе бркаат бодови во 14-та рунда од Општинската фудбалска лига.


Противник на охридските бели ќе биде последнопласираниот Рудар, Сатеска силите ќе ги одмери со Злести, а Дебрца на „Грашница“ ќе се судри со тимот на Воска.

Двојки: Рудар – Охрид (сабота 16ч), Злести – Сатеска (недела 14), Лакочереј – Вулкан, Св. Петар – Вапила, Воска – Дебрца.

Табела: Охрид 34 бодoви, Сатеска 31, Дебрца 30, Лакочереј 26, Воска 15, Св. Петар 12, Вулкан 11, Вапила 9, Злести 6, Рудар 4.

OhridNews