Фудбалерите на Охрид ја забележаа втората победа во новата сезона во Општинската фудбалска лига совладувајќи го тимот на Злести со 3-1 на гостински терен.


Два пати мрежата на домаќинот ја погоди Елвис Бајрам додека еднаш за охридските фудбалери беше прецизен Љупчо Далчев.

На победа во втората рунда од ОФЛ се радуваше и екиата на Сатеска која со 6-2 беше поуспешен од тимот на Рудар.

Резултати : Злести – Охрид 1-3, Дебрца – Вапила 4-0, Воска – Вулкан 3-0, Рудар – Сатеска 2-6, Св. Петар – Лакочереј 1-2.

Табела : Сатеска 6 бодови, Охрид 6, Лакочереј 6, Дебрца 4, Воска 3, Вулкан 1, Злести 0, Вапила, 0 Св. Петар 0.

Ohridnews