Ефикасни и возбудливи натпревари понуди првата рунда во пролетната полусезона од Општинска фудбалска лига. На вкупно четири натпревари стрелците постигнаа 25 погодоци.


Најефикасен натпревар одиграа екипите на Лакочереј и Св. Петар со девет голови. На победа се радуваа (6-3) домаќините иако имаа негатива 3-0.

Трилер меч се одигра и на „Грашница“ каде Воска со 4-3 го совлада составот на Вулкан. Водството три пати се менуваше, а на крајот славеше Воска со 4-3.

Резултати: Лакочереј – Св. Петар 6-3, Воска – Вулкан 4-3, Славеј – Вапила 4-0, Злести – Дебрца 1-4, Рудар – Лешани одложена

Табела: Лакочереј 21, Воска 18, Дебрца 18, Вулкан 12, Рудар 10, Вапила 10, Св. Петар 3, Лешани 0. 

Фото: Архива
OhridNews