Новиот шампионат во Општинската фудбалска лига започна со ефикасни мечеви. На пет натпревари од премиерната прва рунда стрелците постигнаа вкупно 31 погодок.
Најефикасен натпревар со девет погодоци одиграа екипите на Дебрца и Злести. Победата им припадна на домаќините со резултат 7-2.
Еден погодок помалку имаше на мечот меѓу Лешани и Рудар, а бодовите ги освоија гостите со триумф 6-2.
Резултати: Лешани – Рудар 2-6, Св. Петар – Лакочереј 0-5, Вулкан – Воска 0-4, Дебрца – Злести 7-2, Вапила – Славеј 4-1.
OhridNews