Водечките екипи во Општинската фудбалска лига, Лакочереј и Дебрца во Белчишта ќе ги одмерат силите во 13-та рунда од првенството.


Дебрца на домашен терен има прилика да се доближи до лидерот Лакочереј кој со победа би се одлепил на недостижни осум бодови предност.

Интересна средба треба да биде дуелот меѓу Славеј и Рудар како и мечевите Вулкан – Св. Петар и Вапила – Лешани. Сите натпревари се играат в недела.

Двојки: Вулкан – Св. Петар (13ч), Дебрца – Лакочереј (16ч), Вапила – Лешани, Славеј – Рудар, Воска слободна

Табела: Лакочереј 33, Дебрца 28, Воска 26, Рудар 25, Вулкан 18, Вапила 16, Славеј 10, Лешани 7, Св. Петар 3, Злести 3.

OhridNews