Првопласираниот Охрид и второпласираната Сатеска в сабота во 13:30 часот на „Атина Бојаџи“ ќе ги одмерат силите во осмата рунда од Општинската фудбалска лига.


„Сино белите“ со победа или реми во дербито на колото ќе ја освојат титулата во есенската полусезона од Општинската лига.

Избраниците на Митко Стојаноски во седумте одиграни мечеви забележаа седум победи, а Сатеска на „Атина Бојаџи“ ќе проба да го запре победничкиот налет на охридскиот состав.

Двојки : Охрид – Сатеска, Св. Петар – Воска, Лакочереј – Дебрца, Рудар – Злести, Вулкан – Вапила.

Табела : Охрид 21 бод, Сатеска 17, Дебрца 16, Лакочереј 15, Воска 10, Св. Петар 7, Вулкан 4 (-1), Вапила 4, Злести 1, Рудар 0 (-1).

Мх.П.