Стрелците ја одбележаа петтата рунда во Општинската фудбалска лига откако на пет натпревари мрежата ја погодија дури 27 пати.
Екипата на Дебрца забележа убедлива победа 8-0 над Воска во најефикасниот натпревар во петтото коло.
Во меч со шест погодоци Охрид го совлада Рудар 5-1, а идентични победа 4-1 забележаа екипите на Лакочереј и Св. Петар над Вулкан односно Вапила.
Резултати : Охрид – Рудар 5-1, Вулкан – Лакочереј 1-4, Вапила – Св. Петар 1-4, Сатеска – Злести 3-0, Дебрца – Воска 8-0.
Табела : Охрид 15 бодови, Сатеска 13, Лакочереј 12, Дебрца 10, Св. Петар 6, Вулкан 4, Воска 4, Вапила 4, Злести 1, Рудар 0.
Мх.П.