Првите три од четирите екипи на табелата во 11-та рунда од Општинската фудбалска лига бодови ќе бркаат на домашен терен.


Лидерот во Општинската лига, Охрид го пречекува последнопласираниот Злести, тимот на Рудар ќе ја предизвика Сатеска, а Лакочереј ќе се сретне со Свети Петар.

Од топ четири екипите само Дербца гостувар и тоа на теренот од Вапила. Сите натпревари од 11-та рунда се играат во недела со почеток во 14:30 часот.

Двојки: Сатеска – Рудар, Вапила – Дебрца, Лакочереј – Св. Петар, Охрид – Злести, Вулкан – Воска.

Табела : Охрид 25 бодoви, Сатеска 24, Дебрца 23, Лакочереј 20, Воска 11, Св. Петар 8, Рудар 7, Вапила 6, Вулкан 5, Злести 5.

OhridNews