В недела со почеток во 16 часот и 30 минути во Белчишта во рамките од 11-та рунда во Општинска фудбалска лига ќе се одигра дерби средбата помеѓу Дебрца – Лакочереј.

Домаќините во дербито ќе влезат од водечката позиција на табелата, додека Лакочереј од третата позиција со седум бодови помалку од лидерот.

Во преостанатите две средби од 11-та рунда ќе се сретнат Славеј – Св. Петар односно Лешани – Вулкан.

Двојки: Дебрца – Лакочереј, Славеј – Св. Петар, Лешани – Вулкан.

Табела: Дебрца 24, Славеј 24, Лакочереј 17, Вулкан 13, Рудар 12, Св. Петар 12, Вапила 4, Лешани 3.

OhridNews