Шестата рунда во Општинската фудбалска лига ќе понуди дерби помеѓу Рудар и Славеј кои се водечки екипи на табелата.

Рудар и Славеј имаат ист број на бодови на врвот од табелата и влогот во дербито е многу поголем од три поени. Победникот од дербито ќе направи голем исчекор кон титулата есенски првак.

Двојки: Лакочереј – Св. Петар, Вулкан – Дебрца, Рудар – Славеј, Вапила – Лешани.

Табела: Рудар 12, Славеј 12, Дебрца 9, Вулкан 7, Св. Петар 6, Лешани 3, Лакочереј 2, Вапила 1.

OhridNews