Екипите на Воска и Дебрца на „Грашница“ ќе го одиграат најинтересниот дуел во третата рунда од пролетната полусезона во Општинска фудбалска лига.
Тимот на Воска во пресрет на дербито се наоѓа на третата позиција со два бодови помалку од Дебрца која со 27 поени ја зазема втората позиција на табелата.
Лидерот во Општинска фудбалска лига Лакочереј на домашен терен го пречекува составот на Вапила, додека Славеј ќе се сретне со Злести, а Рудар со Св. Петар. Мечот меѓу Лешани и Вулкан е одложен.
Двојки: Воска – Дебрца, Лакочереј – Вапила, Славеј – Злести, Рудар – Св. Петар, Лешани – Вулкан.
Табела: Лакочереј 30, Дебрца 27, Воска 25, Рудар 22, Вулкан 18, Вапила 16, Славеј 10, Лешани 7, Злести 3, Св. Петар 3.
OhridNews