Екипата на Дебрца забележа убедлива победа 6-1 против последнопласираниот тим на табелата Св. Петар во Општинска фудбалска лига.
Службени бодови во 17-то коло запишаа Воска и Вапила кои не ги одиграа мечевите со Илинден односно Славеј.
Во заостанатиот натпревар од 16-та рунда меѓу Сатеска и Лакочереј двете екипи ги поделија бодовите ремизирајќи 3-3.
17-та рунда ќе се комплетира во вторник со мечевите меѓу Сатеска – Злести и Лакочереј – Рудар.
Мх.П.