Екипите на Дебрца и Лакочереј ќе ги одмерат силите во финалниот меч од баражот во Општинска лига за влез во Третата лига.

Дебрца на Лакочереј во финалето му се приклучи по триуфмот над Воска после изведувањето на пеналите (5-4), откако регуларниот дел заврши 2-2.

Победникот од финалниот натпревар кој ќе се одигра викендов кој доаѓа ќе обезбеди директен пласман во Трета лига или пак ќе одигра уште еден бараж со екипа од другите општински сојузи.

OhridNews