Екипата на Лакочереј е осамена на врвот по одигрувањето на претпоследната рунда во Општинската фудбалска лига.


Лакочереј со (3-2) го совлада Рудар на гостински терен во дербито на колото, а во нивни прилог отиде и поразот на Дебрца од Вапила (3-1).

Воска и Вулкан се приклучија кон водечките откако запишаа нови три бодови совладувајќи ги Лешани 4-1 односно Злести 3-0.

Фудбалерите на Вапила слават после победата над Дебрца (3-1).

Резултати: Рудар – Лакочереј 2-3, Лешани – Воска 1-4, Св. Петар – Славеј 3-0, Вулкан – Злести 3-0, Вапила – Дебрца 3-1.

Табела: Лакочареј 21, Дебрца 18, Рудар 16, Воска 15, Вулкан 15, Вапила 13, Св. Петар 9, Славеј 3, Лешани 3, Злести 3.

OhridNews