Екипата на Дебрца во последната деветта рунда од Општинска фудбалска на домашен терен го совлада лидерот на табелата Охрид со 6-3.


Фудбалерите на Дебрца се првата екипа во есенската полусезона која успеа да го совлада Охрид. 

Во осумте натпревари до мечот со Дебрца избраниците на Митко Стојаноски имаа седум победи и едно реми, а нивниот мит за непобедливст падна во деветтата рунда.

Во Општинската лига следува зимската пауза, а возбудувањата продолжуваат следната година.

Резултати : Воска – Лакочереј 0-3, Сатеска – Вулкан 3-1, Дебрца – Охрид 6-3, Вапила – Рудар 4-4, Злести – Св. Петар 3-1.

Табела : Охрид 22 бод, Сатеска 21, Дебрца 20, Лакочереј 19, Воска 11, Св. Петар 8, Рудар 7, Вапила 6, Вулкан 5, Злести 4.

Ohridnews