Лидерот во Општинската фудбалска лига , Дебарца размислува да го прекине натпреварувањето во првенството. Белчиштани не се задоволни од регистирањето на мечот Ботун – Дебарца со службени 3-0 за домаќините.

Не задоволни сме од регистрирањето на мечот и бараме натпреварот да биде регистриран со постигнатиот резултат 0-1 – вели Голабоски Голаб од ФК Дебрца.

ОД ОФС Охрид информираат дека натпреварот е регистриран со службени 3-0 бидејќи за екипата на Дебарца настапил играч кој бил суспендиран и немал право на настап, а згора на тоа играл под лажна легитимација.

Ohridnews