Уапсен е Ратко Младиќ, официјално денеска потврди српскиот претседател Борис Тадиќ, на вонредна прес конференција во Белград, пренесува„Макфакс“.

Младиќ бил уапсен во Србија, а користел лажни документи под име Милорад Комадиќ.

По апсењето направена е ДНК анализа за потврда на идентитетот.


Хашкиот суд против Ратко Младиќ и Радован Караџиќ  на 25. јули 1995 година покрена обвинение за геноцид и други злосторства извршени против цивили во текот војната на територијата на Босна и Херцеговина.

Второто обвинение беше потврдено на 16. ноември 1995 година. и се однесуваше на случувањата во Сребреница во јули 1995 година.

Изменетото обвинение против Ратко Младиќ беше потврдено на 11. октомври 2002 година.

Во изменетото обвинение се комбинираат првото и второто обвинение и е намален вкупниот број на пријави, така што останаа само најсериозните случаи, кои беа опфатени во шест точки од обвинението за кршење на законите или обичаите на војувањето, за седум точки од обвинението за злосторства против човештвото и две точки за геноцид.

Од крајот на 1996 година, генералот Ратко Младиќ е во бегство. За изминатите десетина години, имаше неколку обиди за лишување од слобода, но сите завршија неуспешно.  Наводно е виден во Романија, во Хан Пијесак, Белград …

Како можни места каде што се криел се споменуваат и различни касарни и воени објекти.

Во меѓувреме, многу локации биле идентификувани како потенцијални скривалиштата, но официјално трагите на генерал Младиќ се губат кон крајот на 2005 година.

Речиси сите светски и локални медиуми на 21 февруари 2006 година објавија дека Ратко Младиќ е лоциран и уапсен, па дури и префрлен во Хаг, што веднаш беше демантирано од
српската влада.

Во 2006 година,  во неколку полициски рации разбиена е мрежата помошници на Младиќ, и голем број луѓе се испратени во затвор. Ним од септември 2006 година. пред Вториот Општински суд во Белград им се суди за кривично дело „помагање на сторител по извршувањето на кривичното дело“.

Младиќ е роден на 12 март 1943. во селото Божиновиќ општина Калиновиќ, Југославија (сега Република Српска, Босна и Херцеговина).

Беше генерал и командант на Армијата на Република Српска од 1992 година. до 1996. година. Обвинет е од Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија од 1996 година.

Во април 1992 година, воениот командант на босанските Срби Ратко Младиќ, вонредно беше промовиран во чин генерал-потполковник, а наредниот ден тој беше назначен за началник на Генералштабот и на заменик-командантот на Вториот воен округ, на ЈНА во Сараево.

На таа должност стапи на 10 мај 1992 година. Генералот Младиќ, на 12 мај 1992 година, со решение на Народното собрание на Република Србија во Бања Лука, на предлог на д-р Радован Караџиќ, беше назначен за командант на Генералштабот на Армијата на Република Србија и во позиција на којашто остана до 1996 година. Тој беше редовно унапреден во чин на полковник 24 јуни 1994 година.

Младиќ во 1995 година, беше обвинет за воени злосторства, вклучувајќи геноцид, соучесништво во геноцид, злосторства против човештвото и кршење на обичаите на војувањето, од страна на Трибуналот во Хаг.

Ноември 1996 година. , со декрет на тогашниот претседател на Република Српска Билјана Плавшиќ, генерал Ратко Младиќ, беше заменет како командант на главниот штаб ВРС и е назначен за началник на Генералштабот, под притисок на меѓународната заедница и Хашкиот трибунал.

Официјално, воената кариера во ВРС тој ја заврши во средината на 1997. година, а неофицијално офицер на ВРС останува додека не се пензионира, на 7 март 2002 година, кога со декрет на претседателот на Република Српска ” му престанува професионална воена служба, на полковник генерал Ратко Младиќ.”

Сепак, генералот Младиќ, има статус на активен воен персонал и во Сојузна Република Југославија, додека со декрет на југословенскиот претседател Воислав Коштуница на 28-ми февруари  2001 година  не замине во пензија.

Пензијата уредно ја добиваше до ноември 2005 година кога под притисок на западните земји и се позачестените барања на Хашкиот трибунал, му е укината.

Сиот недвижен имот му е замрзнат со стапувањето на сила на Законот за замрзнување на имотот на хашките бегалци, усвоен во парламентот на Србија и Црна Гора, на 7 април 2006 година.

OhridNews
извор:„Макфакс“